Радио Милева

Даниел Кајмакоски со одлична имитација во првата емисија на „ТЛЗП“ – погледнете го неговиот настап

Даниел Кајмакоски со одлична имитација во првата емисија на „ТЛЗП“ – погледнете го неговиот настап
фото: принтскрин/прва.рс

Петатта сезона на регионалното хуманитарно шоу „Твоето лице звучи познато“ започна во петок, а во следните неколку месеци учесниците од претходните сезони ќе имаат задача да се најдат во улога на некоја позната ѕвезда.

Во музичкото шоу ќе учествува и македонскиот победник на „ТЛЗП“, Даниел Кајмакоски.

Даниел истакна дека во претходната сезона  најтешка имитација му била онаа кога требаше да се најде во улогата на Мајкл Џексон.

фото: принтскрин/прва.рс

Во првата емсиија, на Даниел му се паднa  да го имитира Хју Џекмен од насловна песна на филмот „The Greatest showmen“

„Мислам дека е многу тешка улога и дека треба добро да се подготвам за тоа. Целата кореографија, целиот настап е фантастичен и „ТЛЗП“ заслужува еден такот настап“ истакна Кајмакоски.

фото: принтскрин/прва.рс

Со маска со која наликува на Хју и целосно кореографија на сцената, Кајмакоски успеа одлично да се снајде во оваа улога.

фото: принтскрин/прва.рс

„Даниел е секогаш фантастичен пејач, вечерва добро играше. Слушнав дека си бил фантастичен во сезоната во која победи. Многу ми се допаѓа се што правиш и верувам дека допрва ќе доминираш во ова шоу програма“ истакна Гоца Тржан.

фото: принтскрин/прва.рс

Пофални зборови за Даниел имаа и останатите членови на жирито и истакнаа дека Кајмакоски имал фасцинантен настап.

фото: принтскрин/прва.рс

Во следната емисија Даниел ќе има задача да ја имитира Тејлор Свифт.

Неговиот настап може да го погледнете тука.

 

 

Останати вести од Радио Милева