Пејачот Даниел Кајмакоски во месец септември преку социјалните мрежи на јавноста и откри дека е емотивно исполнет или деkа на љубовно поле му цветаат ружи со новата партнерка.
Идентитетот на убавата црнокоса се уште е непознат, а Даниел повеќе сака да ги искажува јавно своите емоции, отколку да открие која е таа што го освои.
View this post on Instagram
„Ти си сѐ она што некогаш сум го барал. Ти благодарам што ме туркаш кон тоа да ги остварам сопствените соништа секој ден“ – напиша до новите заеднички фотографии Даниел.
Кајмакоски неодамна го прослави својот 39-ти роденден, а воодушенен е и од порадокот кој го добил од саканата, а станува збор за црн кокер кој се вика Нера.
View this post on Instagram
„Љубов на прв поглед. Добредојде во семејството мала Нера. Едно големо благодарам за мојата девојка која ме направи премногу среќен“ – напиша Даниел.
Последните објави на пејачот се најчесто со партнерката, а меѓу последните напиша дека со неа почнал да ја полни книгата на љубовта која се надеваме дека ќе биде дебела и полна со убави моменти од романтична и среќна содржина.