Даниел Кајмакоски по вторпат победи во музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“. Во финалето на годинешната ол-стар едиција на шоуто, вчеравечер Кајмакоски настапи со српската пејачка Ивана Петерс од групата „Негатив“, со која ја изведоа „Broken Strings“ на Џејм Морисон и Нели Фуртадо.
Кајмакоски и Петерс освоените 25 илјади евра ќе ги донираат за двегодишниот Урош Матошевиќ.
Македонскиот пејач на шоуто победи и во 2016 година, а освоените 25 илјади евра ги донираше во хуманитарни цели за лечење на две деца од Куманово.