Maкедонскиот пејач, победникот на „Х фактор“, на „Твоето лице звучи познато“, Даниел Кајмакоски веќе подолго време е со адреса на живеење е во Белград.
Имено, Кајмакоски по разводот од манекенката Кристина Димитриевска живее во соседна Србија, а пред да фати короната имаше музички настапи во регионот.
Пејачот не е активен многу на социјалните мрежи, па одвреме – навреме знае да објави по некоја фотографија. Меѓутоа, кога станува неговиот приватен живот, не сака многу да го експонира јавно.
Kaјмакоски деновиве се врати во Македонија и уживаше во убавините на родниот крај.
Како што објави на „Инстаграм стори“, Даниел го постил прекрасниот Охрид. Македонскиот пејач не откри дали дошол работно или пак да ужива во убавините на родната земја.
Инаку, во февруари синчето на Кристина и Даниел славеше роденден. Според објавените фотографии Кајмакоски не присуствуваше на малата роденденска прослава. Дали ова посета на Македонија ја искористил и за го види својот наследник, или пак тато и синчето веќе поминуваат заедничко време не знаеме, останува да видиме.