Радио Милева
колегијална дружба

Даниел Кајмакоски на колегијална дружба во кафана со Милица Павловиќ: „Мило ми е што те сретнав повторно“ (фото)

Даниел Кајмакоски на колегијална дружба во кафана со Милица Павловиќ: „Мило ми е што те сретнав повторно“ (фото)

Македонскиот пејач со белградска адреса на живеење, Даниел Кајмакоски повеќе од две години живее во соседна Србија. Пред пандемијата со коронавирусот тој редовно имаше настапи во регионот, па неговите фанови има прилика да oдат на неговите настапи.

Кога станува збор за неговиот приватен живот, Кајмакоски не открива многу. По разводот со мисицата Кристина Димитриевска не обзнани дали повторно е заљубен, ниту пак јавно објави фотографија со нова девојка.

Но, затоа се тука неговите колешки од српската естрада со кои пејачот одвреме- навреме има прилика да се дружи.

Така беше и овојпат кога македонскиот пејач се најде во друштво на Милица Павловиќ во кафана во Белград.

Имено, пејачот во кусите приказни на „Инстаграм“ објави заедничка фотографија со „секси сењорита“ прегранти еден до друг.

„Мило ми е што те сретнав повторно“, напиша пејачот во објавата.

Дали таму се нашле на договороно или случајно не знаеме, но според приложеното на социјалните мрежи сигурно убаво си поминале.

Павловиќ се фати и за микрфон, запееја и неколку песни. Таа објави неколку сториња на „Инстаграм“, а на едно од нив додека ја пее „Змај“ од Индира Радиќ и се приклучи и Кајмакоски кој пееше до неговата колешка, но без микрофон…

Во еден момент ја преграна и бакна во образот….

 

Нема сомнеж дека тие се поминале убаво, а оваа не е првпат Даниел да биде во друштвото на некоја колешка од српската естрада. Дали и паднал договор за некоја соработка, останува да видиме.

фото: притнскрин/инстаграм/даииел кајмакоски/сењорита милица

Останати вести од Радио Милева