Радио Милева од играчка - плачка

Даниел Кајмакоски и Новак Ѓоковиќ во паника: Белградската дружба на тениските асови и естрадата на „забавата за која светот зборува“, заврши со Ковид 19 (ФОТО)

Даниел Кајмакоски и Новак Ѓоковиќ во паника: Белградската дружба на тениските асови и естрадата на „забавата за која светот зборува“, заврши со Ковид 19 (ФОТО)

Минатата недела Новак Ѓоковиќ беше домаќин во Белград на неколку светски тениски асови, со кои покрај настапите на турнирот „Адрија тур“, имале и луд и незаборавен ноќен провод во српската престолнина.

Во еден од најелитните белградски ноќни клубови во кој Ноле и колегите и негови пријатели, тениските ѕвезди Григор Димитров и Александер Зверев биле гости, свој музички персформанс имал и нашиот Даниел Кајмакоски, кој по завршувањето на вечерта се запознал со тениските асови по што сите заеднозасилени со женско друштво, продолжиле да се дружат, а Кајмакоски сподели и фотографија на својот Инстаграм покрај која напишал:  „Забавата за која светот зборува… Mи беше чест да настапам  за овие момчиња“ – осамна во пораката.

 

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/daniel-kajmakoski-vo-drushtvo-na-novak-gjokovikj-svetska-teniska-elita-i-damata-od-reklamata-za-vibratori-foto-video/

Но, само неколку дена подоцна во светската спортска јавност одекна веста дека токму бугарскиот тениски ас Григор Димитров е заразен со коранавирусот, по што беа одложени неколку натпревари, меѓу кои и финалето на тенискиот турнир. Сега заразата со Ковид 19 се проширила и на уште тројца тенисери кои учествувале на Адрија тур, а еден од нив е Борна Ќориќ. Ќориќ во изминатите денови  интензивно се дружел со колегата, играле заедно и кошарка, а позитивен на коронавирус е и уште еден член од тимот на бугарскиот тенисер, кондициониот тренер на Димитров.

Така, сега сите што биле во блиското опкружување и непосреден контакт со Димитров, меѓу кои секако и Новак Ѓоковиќ и Даниел Кајмакоски се во паника од заразата, па се очекуваат и нивните резултати од корона тестовите.

Останува само нејасно од каде почнал кластерот, дали Димитров го донел вирусот или и самиот се заразил при посетата на Белград и лудите ноќни журки или пак го добил од некој друг тенисер, учесник на тенискиот турнир „Адриа тур“?

Како што може да се прочита во коментарите под фотографијата која ја споделил заразениот Димитров, поединци вината ја лоцраат кај домаќинот, па оправдано или не, прстот го впериле во Ѓоковиќ!

 

 

To top