Многу познати дами се појавија на промоцијата на новиот бренд чорапи кој балканската ѕвезда Лепа Брена го лансираше.
Брена носеше свечен син костум со светкави детали и коса фатена во опавче. Ниту нејзините колешкии и пријателки не изгледаа ништо помалку свечено и гламузрозно на промоцијата, па за оваа пригода направиле посебни подготовки.
Меѓу познатите се најде и ктерката Драгана Миќаловиќ која се појави во маслинесто зелен фустан, а многумина го коментираат изгледот на пејачката Злата Петровиќ.
Злата се појави видно ослабена облечена во црн фустан со проѕирен дел на градите, кој го спои со црни чизми до колена.
Александра Пријовиќ избра класичен стил, панталони, кошула и сако, а на нозете имаше сиви еспадрили.
Мирка Васиљевиќ носеше целосно црна гардероба, а интересно е што заедно со еспадрилите носеше и чорапи.
Тука беше и Гоца Тржан во елегантен долг фустан со дезен.
Да потсетиме, семејството Живојиновиќ лансираше линија на женски чорапи под името „Lady B“. Како што тврди Боба, никој не може да ги претставува женските чорапи подобро од Брена, бидејќи таа најмногу ги носела во текот на кариерата.
Инаку, и ова е семеен бизнис во кој Брена имала желби, а Боба и неговите синови ги реализирале сите тие идеи.
Фото: Курир.рс/Ненад Костиќ