Старлетата Тијана Ајфон се прослави со учество во реално шоу, а малкумина знаат дека оваа контроверзна личност има мајка која е учителка.
– Понекогаш луѓето шокирани ме прашуваат: „Твојата мајка е учителка?“ а јас им велам: „Да, таа ме направи човек!“. Ме воспиташе да не доцнам, да не пцујам, да не ги навредувам постарите од мене, освен ако не заслужуваат, но моето однесување не е од дома, тоа е поради мојата личност – нагласи Максимовиќ.
View this post on Instagram
Инаку, старлетата, зборувала и за проширување на семејството па, еднаш истакна дека е убедена дека еден ден ќе има наследник.
– Ќе имам син, а ако имам ќерка, сигурно нема да ја држам под стаклено ѕвоно. Па, дали мислите дека ќе можам да и забранам било што кога ќе ме види ваква тетовирана, со гради, со усни, па дури и кога ќе ги прелистува фотографиите од моите млади денови на Интернет?! – истакнала Тијана.
Фото: Принтскрин/Е сток/Инстаграм