Второпласираната учесничка на „Задруга 5“ Далила Драгојевиќ неодамна најави дека ќе вгради силикон во градите, а сега дојде време за тоа.
Имено, Далила Драгојевиќ на својот Инстаграм профил објави приказна каде ја гледаме како престојува во клиника за пластична хирургија.
Сè уште законска сопруга на победникот на гореспоменатото реално шоу, Дејан Драгојевиќ, во неколку наврати зборуваше за естетските корекции, а сега ќе додаде уште една во низата од оние што ги имаше.
– Време е за промени – напишала накратко Далила во описот на објавата.
Додека, да потсетиме Дејан, неодамна зборуваше за разводот со Далила.
-Кога станува збор за разводот, чекаме надвор да стаса документот на кој го потпишавме разводот во „Задруга“! (се смее) Се е во процес. Не можам да упаднам во судот и да се мешам во работата на судството. Без разлика дали ќе се разведам или не, важно е да сум емотивно и психички чист. Кога ќе стапи на сила – ќе дојде. Можеби намерно се задржува на страната која што не можам да ја дофатам и да ја достигнам. Тоа е над мене и ми требаат врски. Што се однесува до презимето Драгојевиќ, ни тоа веќе не ме интересира. Ќе мора да го замени кога ќе се омажи за друг – рече во негов манир Дејан.
Фото:принтскрин/Инстаграм/Далила Драгојевиќ