Пејачката, која сега живее во Лондон, а светска слава стекна како Рита Ора, родена е во Приштина како Рита Сахатчиу, а го сменила вистинското презиме бидејќи било тешко да се изговори, пишува The Sun.
Името го добила по Рита Хејворт, актерка чиј голем обожавател бил нејзиниот дедо Бесим, поранешен театарски и филмски режисер.
View this post on Instagram
Рита е горда на своето потекло и често го истакнува, иако живеела во Приштина само првата година од својот живот. Во 1991 година, нејзините родители избегале од Косово во Британија.
View this post on Instagram
Пејачката многу години отворено зборува за своето потекло. Во интервју за Канал 4, таа зборувала за тешкотиите да започнат нов живот како бегалци во Велика Британија.
Нејзиниот татко Бесник сега поседува паб во Англија, а нејзината мајка Вера е психијатар која работи за британската служба за јавно здравје.