Бугарското ТВ шоу за имитатори „Како две капки вода“, го тресе скандал пред самата завршница. Како ќе заврши реалното шоу, веќе им е познато на сите учесници и луѓето од тимот, соопшти бугарска HotArena.
Се верува дека големата награда ќе ја однесе пејачката Гери-Никол и тоа воопшто не изненадува.
Победникот ќе биде официјално објавен вечерва, на 28 мај – понеделник, кога е последното издание на „Капките“.
Во финалето одат варненката, фолк пејачот Константин, поп пејачот славист и актерот од хумористичната ТВ серија „Столичани в повече“ – Иван Јуруков.
И за нив и за членовите на тимот и за поранешните учесници е јасно дека Гери ќе биде победничката.
Константин е потенцијален фаворит, со што тој по втор пат би ја освоил награта во еден риалити формат (“ВИП Брадр”) и тоа е доброо оправдување зошто да не биде победник и овој пат. Славист и Иван се само „мачкање на очите“, Слачев исто така веќе освоил прво место ( “Х фактор”), додека болната амбиција на газлестата пејачка, засилена со парите на тато, гази сè по ред и освен на музички листи и на хип – хоп наградите, не земала награда на едно телевизиско шоу.
На почетокот на “Капките” Гери тргна доста несигурно и по ништо не делуваше дека е талентирана пејачка, која заработува од занаетот со пеењето. Малиот број поени што и ги дале и гледачите и жирито ги покажаа нејзините слаби можности за победа во шоуто.
Изморена и со повредено его од острите критики и навреди на Фанки, Гери-Никол и нејзините врски наеднаш поминаа во надмоќ во нејзина полза. Во средината на шото, односот кон неа беше преку ноќ радикално променет.
Интересен е фактот дека помеѓу ѕвездата од Варна и Златка Рајкова имало пријателство кое се распаднало токму за време на телевизиското шоу.
Дури и големата Софи Маринова исто така остана во сенка на 19-годишната девојка, но не поради недостаток на талент … туку заради недостаток на власт.
Сега сите знаат дека е извсно оти Гери-Николе ја има договорено победата која официјално ќе биде прогласена вечерва, понеделник, 28 мај 2018, со што шоуто „Како две капки вода“ ќе заврши!
Извор:Новини.бг