Радио Милева

Дали Сергеј ќе го премолчи ова? Лила го објави она што не требаше да се види (фото)

Дали Сергеј ќе го премолчи ова? Лила го објави она што не требаше да се види (фото)

Речиси и да не постои личност која не направила погрешен избор на визуелниот изглед, независно дали е јавна личност или не.

Во време кога македонската јавна сцена е подложна на модни критики во емисијата „Мода“ на Сергеј Варошлија, поголем дел од познатите претрпеа разни коментари на сметка на модниот печат, некои позитивни, повеќето пак негативни.

Меѓу оние пофалените е ТВ водителката Лила Филиповска, но од нејзините најнови фотографии може да се забележи дека и таа не е имуна на грешките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @lilafilipovska on

Познато е дека Лила е добра пријателка на Варошлија, а во една прилика има изјавено дека Сергеј понекогаш знае да ја искритикува и нејзе, да и даде совет, а таа да го послуша. Гледачите на неговата модна емисија добро знаат дека тој  често знае да нагласи дека сите генерално мора да внимаваат какви фотографии пласираат на социјалните мрежи, а особено на дамите им нагласува многу да внимаваат кога на својата коса ставаат надоградба за да изгледа подолга и побујна.

Тој потенцира дека екстензиите никогаш не треба да имаат јасна граница со природната коса, а тоа најдобро умеат да го изведат професионалците во својата област. Често за одличен пример ја посочува Јелена Карлеуша која секогаш има совршени екстензии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Но, Лила на последната фотографија ја направи токму оваа грешка, од која јасно се гледа до каде е нејзината коса, а од каде почнува надградбата на русите прамени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @lilafilipovska on


Иако фризурата од приложеното може да се види дека  е во фаза на подготовка, но сепак нели требаше да се винимава и на изборот на фотографии кои ќе се најдат на профилот – особено кај познатите.

Дали Сергеј ова ќе го коментира или премолчи – останува да видиме…

фото:инстаграм/лилафилиповска/јеленакарлеуша

To top