Убавина, грациозност став и добра линија, се дел од предусловите за манекените и манекенките да бидат секогаш и секаде барани. Но, честопати манекените и машките модели поинаку се третирани од нивните колешки, помалку платени, па дури и потценети.
Дали се потценува машкоста на мажите во модната индустрија? Ќе дознаете само во истражувањето кое го направи естрадниот магазин Бекстејџ.
На оваа тема зборуваат Мики Црнокрак, Алек Наумовски и манекенот Христијан Стојаноски.
Слушнете ги нивните мислења за тоа дали машкоста во модната индустрија се потценува?