Радио Милева „бисер во отворена школка“...

Дали македонскиот модел, водителка и ријалити убавица e „осамена“ Плејбој зајачица: Елеонора Миљковиќ – „дупло голо“ и соло? (ФОТО)

Дали македонскиот модел, водителка и ријалити убавица e „осамена“ Плејбој зајачица: Елеонора Миљковиќ – „дупло голо“ и соло? (ФОТО)

Македонската ријалити учесничка, инфлуенсерка, модел  и „ТВ Ред“ водителка, скопјанката Елеонора Миљковиќ е една од ретките која јавно знае да го сподели својот телесен раскош. не серамеш пиштол гола да застане под тушот пред камерите додека беше во „Задруга“, ана социјалните мрежи Нора како никоја друга умее да покаже со што тоа мајката природа ја надарила, па се заборавила, а вештите раце на естетските хирурзи со својата „рачна работа“  го надградиле она малку што не било по нејзин вкус.

Без оглед дали се тоа костими за капење, долна облека, обувки, накит, фризури, шминка и козметика… Елеонора не се срами  својата извајана естетика во провокативни пози да ја сподели во доволни дози на социјалните мрежи. Нејзините профили изобилуваат со „скокотливи“ фотографии, а секоја од нив е празник за машките ( и веројатно, не само за машките) очи, зашто штом погледот застане на разголената расна убавица, вилицата се кочи.

Евидентно е дека ваква раскошна убавина тешко останува без посилна половина, иако уште оддамна пишувавме дека Нора не сама, туку оваа атрактивна дама е во врска. Фотографиите од заедничките летни одмори, излегувања, забави, родендени… со нејзиното младо мускулесто момче Чедо, го красеа нејзиот Инстаграм профил, ама по се изгледа само до неодамна.

Имено, доколку го пролистата нејзиниот Инстаграм, навидум изгледа дека ништо не се променило, напротив… Дури еротскиот набој во нејзините фотопози при секоја разголена фотосесија се зголемува до степен на опсесија со која се опседнати нејзините следбеници на социјалните мрежи.

Особено позите во еротска долна облека на кои Нора е налик на Плејбој зајачица, која ја поместува тенката граница на она што ги дразни машките мисли и сетила… Елеонора слободно им допушта па дури и ги повикува да влезат во нејзините соништа, зашто таа ионака е веќе во нивните… Како и не би, кога штом ја видите онака, како „бисер во отворена школка“, провокативна, пожелна, привлечна, секси… до болка!

Но, на оние што подолго ја следат, веднаш им паѓа в очи дека на нејзиниот Инстаграм профил Нора повеќе нема ниту една заедничка фотографија со своето момче!   Евидентно е дека сите заеднички фото-спомени заминале во историја или се тргнати некаде на страна, па сексапилната ријалити ѕвезда, модел и ТВ водителка освен што на  фотопграфиите во еротска долна облека изгледа „дупло голо“, Нора е и соло!?

Последната заедничка приказна беше обзнанета за нејзиниот роденден минатиот септември (2021 год.), кога заради пандемијата Нора го славеше дома со луксузен дочек. Со огномет, торта, шампањско, латино музика и танго за двајца крај базенот, во кој славеничката и момчето завршија на ноќно капење во кое неизостана и влажната размена на нежности.

И додека тогаш тврдеше дека нема зборови со кои може да ја опише таа среќа, излезе дека ваквата среќа била само „мачка во вреќа“, а љубовта што така силно блескаше за роденденот, „се удави во базенот“?

Инаку, како поинаку да се протолкува дека раскошната скопска убавица е апсолутно „осамена“ на сите фотографии на својата Инстаграм страница!?

Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__

To top