Радио Милева лице за илјада лика

Дали го препознавате, ова е најпопуларниот македонски ТВ готвач: Кој уште се плаши од волкот лош? (ФОТО)

Дали го препознавате, ова е најпопуларниот македонски ТВ готвач: Кој уште се плаши од волкот лош? (ФОТО)

Приказната за „Црвенкапа“ сите ја знаеме. Заедно со онаа за „Снежана и 7-те џуџиња“ е веројатно првата која сме ја научиле уште пред да проодиме или прозбориме.

Епа, ако не сте знаеле, вака изгледа страшниот волк од најпозната детска приказна на светот. Ама оној од нашата, театарска верзија. Инаку, волкот на сите им е познат.

И не само по тоа што ја изеде бабата, туку познат како врвен актер по професија, понекогаш водител, по потреба и пејач, бивш сопруг на поп дивата Калиопи, но по се’ изгледа најпознат откако стана најпопуларниот ТВ готвач во Македонија.

Ама кој уште се плаши од волкот лош, кога неговата улога ја игра некој што е предобар… И како актер и како личност.

Ако волкот не го препознавте, Марио од „Преспав“ сите го знаете… Целата телевизиска публика. Онаа пак театарската, со порафиниран вкус, Васил Зафирчев го познава и по брилијантните актерски остварувања во улогите на различни ликови кои ги толкува во претставите на велешкиот театар Јордан Хаџи – Константинов – „Џинот“.

Човек со илјада лица, лице за илјада лика, подготвено за илјада трансформации… Од визуелни, до карактерни.

Од Фреди Меркјури или Борат, зависи на кого повеќе вака ви личи, преку  готвачот Марио од „Преспав“, до волкот лош од „Црвенкапа“…

Ама кој уште се плаши од волкот лош, кога е толку добар… Во остварувањето на улогите, се разбира!

 

To top