Нашата позната пејачка Елена Ристеска е меѓу оние јавни личности кои не преферираат да откриваат детали од својата приватност пред медиумите и јавноста.
Долг период за Елена се појавуваа написи во кои се пишуваа разни шпекулации на кои таа немаше пракса да се огласува за потврда или демант.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-risteska-ne-ostana-imuna-na-glasinite-za-novoto-momche-ova-e-nejzinata-reakcija/
Но, пред околу еден месец се појави информација дека Елена има нова љубовна врска со скопјанецот Филип Арсовски, а на изнанадување таа реши да го прекрши своето правло и веднаш се огласи со потврда дека нешто ново и се случува кога е љубовта во прашање.
Но нештата тука и стивнаа, па наместо нови фотографии со саканиот, Еленче остана дискретна и мистериозна, барем на социјалните мрежи, а изненадува и нејзината последна објава на Инстаграм каде има своја теорија на љубовта во која пишува:
-Ако не ме сакаш со мојата работа, тогаш не ме заслужуваш кога победувам!, гласи објавата на Елена која дури ја долови и сликовито за да стане појасно.
Дали ова беше упатено некому за јасно да го посочи својот став и гледиште, знае најдобро самата, а другата страна веројатно сама ќе се препознае во напишаното.