Радио Милева

Дали е поради здраствената состојба на сопругата? Бурак не се појави на доделување награди, па се огласија и двајцата

Дали е поради здраствената состојба на сопругата? Бурак не се појави на доделување награди, па се огласија и двајцата
фото:инсатграм/буракозчивит

Во Истанбул вчеравечер на едно место се собраа голем број од популарните турски актери, а причината за тоа беше доделувањето на наградите од GQ “Men of the Year”.

Меѓу оние кои добија статуетка беше и познатиот турски актер Бурак Озчевит кој не се појави на случувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clear Türkiye (@clearturkiye) on

Медиумите тоа го поврзаа со здраствената состојба на неговата бремена сопруга, актерката Фахрие Евџан, која пред само неколку дена заврши во болница.

Нејзината состојба за сега се уште не е позната и дали се уште е хоспитализирана.

Но, и двајцата познати сопружници се огласија на своите профили на Инстаграм. Тој се заблагодари за наградата и напиша:

-Не можам да се придружам на оваа вечер, но не би можел да не ја споделам возбудата. Целото мое црце е со вас вечерва, напиша Бурак.

Додека пак Фахрие сподели фотографија од нив двајцата прегрнати и тоа по повод Денот на вљубените.

-Секогаш гледаме во иста насока, љубовта е се’, напиша убавата Фахрие Евџан.

 

Останати вести од Радио Милева