Радио Милева Посреќна...

Дали е до камерата, дали е до скалите или до долгите манекенски нозе: Не можеше да се изначуди ни самиот Раде, како тоа тој е повисок од неа, а манекенката може „бурек од глава да му јаде“?! (ФОТО)

Дали е до камерата, дали е до скалите или до долгите манекенски нозе: Не можеше да се изначуди ни самиот Раде, како тоа тој е повисок од неа, а манекенката може „бурек од глава да му јаде“?!  (ФОТО)

Како што вети, Раде Врчаковски – Врчак ветеното по се’ изгледа почна и да го остварува и полека да се враќа на естрадната сцена, со што израдува многумина. Особено припадничките на понежниот пол се посреќни, зашто русокосиот рапер беше нивни идол, со неговите песни растеа, се радуваа, плачеа, вљубуваа, водеа љубов, раскинуваа… А многумина од нив и во него самиот беа „зацапани“! Некои, веројатно се’  уште и се!

Врчак со помош на своите стари пријатели од времето на продукција „Република“, Андреј и Панчо од ар ен би дуото ДНК, деновиве престојуваше во Белград. Таму го снимаа видеото за нивната најнова заедничка, за Врчак и повратничка песна, која претходно ја снимија во студиото на проверениот хитмејкер и музички продуцент, Лазар Цветковски.

Спот како спот, несомнено ќе биде на нивото кое ДНК  досега го прикажуваат, а во видеото како по обичај мора да има и убави девојки, што на Андреј и Панчо исто така им е вообичаена пракса. Впрочем, стројните манекенки и топ модели отсекогаш ги имало во нивните спотови, па од тоа не отстапиле ниту овој пат. Јавноста не можеше да биде „Посреќна“ (како што им се вика и новата заедничка песна) откако ја дозна веста и ги виде најавните фотографии од снимањето. Тројцата стари пајташи одново заедно еден до друг, рамо до рамо во новото видео.

Арно ама, сижето на прикаската е такава, што „рамо до рамо“ или поточно, „лице в лице“ одблизу мора да бидат и главниот протагонист и неговата партнерка во видеото, во случајов стројната манекенка. И види сега неволја или барем нејаснотија, на која никако не може да и се изначуди ни самиот Раде: Како тоа тој е повисок од неа, а манекенката може „бурек од глава да му јаде“?!  Дали е до камерата, дали е до скалите или до долгите манекенски нозе, има ли некој да одгатне, мили Боже?

Во прашање е „оптичка илузија“ или чиста конфузија кога се сантиметрите во прашање, што воопшто и не е така важно? Важно е да има љубов, па макар и на спот, зашто гледано во глобала, телата се изедначуваат кога ќе се најдат… „во хоризонтала“! Тогаш воопшто не е важно дали е повисока, важно е да е… „Посреќна“!

Фото: Инстаграм и Фејсбук/djshortypofficial/Раде Врчаковски

 

To top