Постариот син на Жика Јакшиќ, Андрија Јакшиќ, со години живеел во Германија со својата мајка, но пред неколку години решил да го продолжи животот со сопругата во Србија и да се сврти кон одгледување и производство на грозје.
Делумна причина зошто го избрал овој пат е желбата да поминува повеќе време со својот татко, кој во детството не можел да посвети многу време на неговото воспитување, а има потреба и да биде со својот помлад брат Душан, кого продуцентот го има со поранешната пејачка и водителка Дајана Пауновиќ, која откри како се согласува со Андрија.
View this post on Instagram
– Андрија е прекрасен, млад човек, воспитан, образован, кој го обожава Душан. Сакам што се имаат, што се почитуваат и сакаат и што Душан иако е мал никогаш не го гледал Андрија како некој што не е дел од неговиот живот и покрај тоа што не живеел во Србија. Мило ми е што мојот син има брат на кој знам дека секогаш може да се потпре и дека ќе му биде потпора цел живот – ја започна својата приказна Пауновиќ и продолжи:
-Го ценам и почитувам Андрија исклучително многу, тој е брат на мојот син, но и да не, ја заслужува сета почит затоа што е квалитетна личност – заклучи таа.
фото:Инстаграм