Анџелина Џоли најчесто може да ја видите во друштво на нејзините биолошки и посвоени деца.
Имено, таа се труди да ја убеди јавноста дека таа е посветена мајка. Меѓутоа, наводно блиски извори ги демантираат овие пишувања.
Дадилката која поминувала 24часа со актерката и нејзините деца откри непознати детали.
-Тоа е мајка која многу често е отсутна поради секојдневните проблеми и кариерата, не постигнува да се посвети на децата и тоа е рецепт за пропаст, вели дадилката во интервју за американскиот „Ок магазин“ и додава дека ситуацијата станала драматична од 2016 година кога се развела од Бред Пит.
-Анџелина мисли дека е модерна мајка бидејќи кон нив се однесува како со возрасни луѓе. Но, вистината е дека од време на време на децата им е потребна некое советување да им покаже што е правилно, а што не, вели дадилката.
Дадилката потврди дека Анџелина сака да пие и секоја вечер отвара црвено вино. Наводно, иако нејзините деца се малолетни таа им дава да пијат алкохол.
Таа и тврди дека 45 годишната актерка често прегледува видео содржини со насилство и истите ги покажува на нејзините деца. Тоа не бил случај додека Бред живеел со нив.
Наводно Анџелина често ги оставала децата без надзор, а неодамна додека снимала нов филм ги оставила повеќе од 10 часа.
фото: тањуг/профимедиа