Радио Милева ја предеупредиле, но не верувала...

Дадилката ја предупредувала Александра дека Маја „пред нос“ и го „краде“ мажот, но оваа била „слепа при очи“ (ФОТО)

Дадилката ја предупредувала Александра дека Маја „пред нос“ и го „краде“ мажот, но оваа била „слепа при очи“ (ФОТО)

Александра Суботиќ била предупредена од дадилките дека нејзината најдобра пријателка Маја Маринковиќ ќе ја изневери и ќе го „украде“ нејзиниот невенчан сопруг Предраг Пеца Распоповиќ, попознат како Пеца – Вијагра. На поранешната ријалити учесничка, собарката и жена која и помага да се грижи за децата, во неколку наврати се обидела да и ги отвори очите и да и посочи дека старлетата која и се преставува како најдобра другарка ќе и забие нож во грб, но таа слепо и верувала на својата “лажна“ пријателка.

Извор близок до Суботиќ, кој е добро упатен во целата ситуација, за српски Курир ги раскажал деталите.

„Маја со месеци доаѓаше кај Александра и Пеца и тоа е општо познато, но малкумина ги знаеја нејзините намери. Тоа го видоа пред се жените кои го одржуваат ова домаќинство во Нови Сад, како и дадилките кои и помагаат со децата. Тие во неколку наврати индиректно се обидоа да и укажат на однесувањето на Маја кон Пеца, но Суботиќ не обрнуваше внимание. Таа и веруваше на својата божемна пријателка, а особено на Пеца, иако сите освен Александра видоа дека има нешто сомнително во нивниот однос“ – тврди соговорникот.

Според неговите зборови, Суботиќ нема намера да се исели од нивниот дом:

„Кога ги споила коцките и станало јасно дека дадилките цело време и укажувале на тоа што е вистина. Тоа било пред три месеци. На Маја и се допаднал начинот на живот што го води Александра. Посебно како Пеца и обрнува внимание, и купува се што ќе посака. Таа станала љубоморна на Александра и секој ден го заведувала  невенчаниот сопруг на нејзината пријателка. Кога пукна аферата, Александра јасно му стави до знаење дека нема намера да го напушти станот и дека тој мора да продолжи да ги исполнува сите обврски во врска со децата. Таа е целосно скршена и уништена затоа што имала доверба и во неа и нему, а тие правеле се’ зад нејзиниот грб. Александра јасно му рекла дека станбеното прашање мора да го реши хартиено за таа и нејзините деца да не останат на улица.  Таа плаче по цел ден, додекаа тој  сега ужива со Маринковиќ“ – заклучил соговорникот.

Фото: Пинк принтскрин

To top