Милица Тодоровиќ беше гостинка во емисијата „Амиџи шоу“ каде што гостите во рубриката „Одговарај или тверкај “ одговараат на интимни прашања.
Водителот на Милица и постави интимно прашање, а на изенадување на сите пејачката даде искрен одговор.
„Милица…колку траеше временскиот интервал од запознавање на една личност до водење љубов со истата?“, праша водителот Огњен Амиџиќ.
„Еден ден“, одговори пејачката.
„Може ли да прашам со кого“, се обиде да дознае Амиџиќ не очекувајќи дека Тодоровиќ ќе даде одговор на прашањето.
„Со Раде Ковачевиќ“, истакна некогашната победничка на „Ѕвездите на Гранд“.
Инаку, Милица е во врска со кореографот Милош Пауновиќ кој ја работеше режијата на спотот за нејзината нова песна „Шоу програм“.