Најдобриот и најпознатиот македонски стилист Александар Билјановски – Дадар неодамна го отвори новиот салон за разубавување, па сега таму е вистинска врвулица од клијенти. Меѓу нив – плејада на познати лица, јавни фаци од естрадата, модата, медиумите, уметноста, културата…
Дадар, познат својот тивок табиет, питом карактер и добра душа, не може никого да одбие, особено не познатите кои патем, му се и приватно добри пријатели. Затоа неговите вешти раце во кои е преточено сето негово знаење и умеење постојано се на начија глава или лице… Во зависност дали е шминката или фризурата во прашање!
Меѓу дузината познати лица, во неговите раце, кога е дотерувањето на убавината во прашање, завршуваат и најпознатите македонски ТВ водителки и презентерки. Ама од сите нив нему една му е најубава! И тогаш и сега и… Ма, најубава на сите времиња! Дама со божествен изглед, чија внатрешна убавина е во совршен баланс со надворешната!
Токму со овие зборови најпознатиот македонски стилист на сите времиња ја опиша Татјана Стојановска – својата најубава клиентка на сите времиња… Се разбира, кога се ТВ презентерките на вести во Македонија во прашање! Останатите „најубави“ меѓу мноштвото убавици… остана подоцна да ни ги открие!