Пејачката Дара Бубамара е позната по арогантното возење, а сега навистина претера со оглед на тоа што своето „Порше“ го паркираше на среде пешачки премин во центарот на градот, а потоа им се закани на папараците кои го снимија.
Дара секако важи за една од поарогантните познати личности, а честопати јавно се „фалеше“ со своите прекршоци на Инстаграм кога ја снимаше контролната табла на својот автомобил и покажуваше брзина од над 200 километри на час на автопат!
Поради арогантното однесување во сообраќајот – пребрзо возење и непрописно паркирање, Дара повеќе пати беше напаѓана од медиумите.
– Не ја снимајте арогантната Бубамара! Дозволете ми да ви ја скршам камерата следниот пат! – извика бесната Дара гледајќи ја екипата на емисијата „Папарацо лов“.
фото: YouTube prntscreen/aparazzo Lov // DNK / Brak na neviđeno