„Да се означиме“ ( Check in ) e современа драма во која преку интересни, хумористични и саркастични секојдневни ситуации, Христина Ѓоргиевска го прикажува секојдневието на 21иот век, зависноста од социјалните мрежи и отуѓеноста меѓу луѓето.
Ѓоргиевска на многу суптилен начин не воведува во приватниот свет на главните ликови, членовите на семејството Христовски, двете ќерки, Габриела и Мила, кои се одраз на ликови што со сигурност редовно ги гледате до вас: на соседната маса во кафулето кадешто пиете кафе, а и се означувате ( читај: тагнувате), во автобусот со кој патувате кон и од работа, на факултет, во училиште, во соседството… како со слушалките на уши загледани во телефонот/ компјутерот не слушаат ништо и никого околу себе “со левата рака привремено се обидува да ја погоди чинијата во која има кикирики и “фраерски“ да јаде. Додека се допишува со некој привремено се насмевнува. Изгубена е во својот виртуелен свет”.
За една „Инстаграм приказна“, лајк, коментар, реакција, ликовите во драмата прават се за да на социјалните мрежи, преку екранот на телефонот или компјутерот да покажат живот кои можеби не постои кога ќе се исклучи екранот, притоа живејќи многу виртуелно, а малку реално. Драмата е во издаваштво на Центар за Култура – Крива Паланка, поддржана од Министерство за култура.