Како што најблиските знаат од срце да те израдуваат и направат да се наежиш, покажа мајката на српската пејачка Марија Шерифовиќ, Верица, која за испраќање на старата и дочекот на Новата 2019 година на ќерка си и приреди вистинско изненадување.
Имено, Марија преку својот Инстаграм покажа како мама Верица и го напрвави денот посебен со тоа што викна трубачи под нејзиниот прозорец, а Марија како што е редот даде и бакшиш на свирачите.
Целосто маало ечеше од трубите специјално наменети за Марија.
-Може ли да биде подобро? Напиша Марија како доплнување на снимките кои се најдоа на нејзините куси Инстаграм приказни.
Кој не би се израдувал на нешто вакво, посебно кога е од така блиска и драга личност?!
Инаку, Марија Шерифовиќ најлудата ноќ ја помина работно со микрофонот во рацете пред својата публика.