Радио Милева позитивни работи

„Да не се случеше тоа, којзнае каде ќе бевме“ : Сопругата на Вил Смит откри дека шлаканицата од Оскарите ѝ го спасил бракот (фото) 

„Да не се случеше тоа, којзнае каде ќе бевме“ : Сопругата на Вил Смит откри дека шлаканицата од Оскарите ѝ го спасил бракот (фото) 

Џејда Пинкет-Смит неодамна призна дека никогаш нема да го напушти Вил Смит откако неславната шлаканица на Оскарите и го спаси бракот.

Таа и Вил Смит не живеат заедно, но сепак се во брак, а сега  на јавноста и призна дека на денот на Оскарите не била расположена воопшто да оди на настанот.

„Речиси и немаше да дојдам на Оскарите таа година, но мило ми е што присуствував“, спомна Џејда за Дејли Меил.

„Сега тоа го нарекувам „свет шамар“ бидејќи после тоа дојдоа многу позитивни работи.

Таа објасни како делувал на неа еден од најсрамните моменти на Оскарите

„Тој момент на удирање на шлаканица е кога гледаш каде навистина си“, додаде таа.

„По сите тие години обидувајќи се да сфатам дали ќе заминам или ќе останам на страната на Вил, ми требаше таа шлаканица за да видам дека никогаш нема да го оставам. Кој знае каде ќе беше нашата врска ако тоа не се случеше?“.

По целото внимание што го доби парот, беше откриено дека тие биле разделени повеќе од шест години и не живееле заедно, но таа сега купила друга куќа поблиску до Смит откако ја напуштила нивната вила во Калабасас.

Фото: Принтскрин/Instgaram/jadapinkettsmith/Х

To top