Кон крајот на претходната година, „Daily Mail“ објави дел од содржината од емотивното писмо кое Меган Маркл го испратила на нејзиниот татко Томас, а во кое јавно му вели дека ja понижил и повредил.
Во писмото ја и споменува и својата полусестра Семанта Маркл и вели дека не ја ни познава и дека никогаш немале близок однос.
По тој повод се огласи и самата Саманта која уште еднаш удри по својата сестра по татко.
„Очигледно, некои луѓе сакаат да се едно дете на мојот татко. Да имам 600 милиони долари, можеби ќе бев поинтересна“ напиша Семанта на својот „Твитер“.
Како што пренесуваат медиумите Саманта планира да објави книга за војвотката од Сасекс.
„Престана да чита вести откако нејзината сестра откри дека ќе напише книга за неа. Многу плачеше и тоа ја растажи. Она што најмногу ја лути е што со Саманта немаше некаков однос и чувствува дека сестра и сака да ја искористи само за заработка“ за странските медиуми изјави близок пријател на војвотката.