Мисица, манекенка, топ модел… Со академска тапија на дипломиран стоматолог и политички багаж како шефица на кабинетот на заменик министерот за култура во времето на владата на Никола Груевски.
Викторија Јаначковиќ по кусиот брачен излет, денес е среќно разведена жена „без семеен багаж“ која и се врати на првата љубов: Позирањето, манекенството, фотомоделството… И тоа не било каде и со било кого, туку како заштитно лице на една од најпрестижните модни куќи кај нас – ЕЛ, сопственост на креаторката Елена Лука.
Голотијата и модата неретко одат „рака под рака“, па затоа Викторија реши уште еднаш да покаже што е тоа суптилна еротика, откривајќи каква тоа телесна интима има.
До душа, таа уште минатото лето направи една такава скокотлива фотосесија, уметнички сет еротски фотографии, откако застана пред објективот на уметничкиот фотограф и режисер Драган Ристовски за да им покаже на силиконските убавици и напумпаните старлети дека голото е голо, ама е поубаво кога е натурално. Зашто „природно си е природно“!
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/viktorija-janachkovikj-se-sobleche-pa-verbalno-gi-zapleska-makedonskite-silikonski-ubavici-foto/
Овој пат сексапилната докторка одново реши да ги разбранува машките мечти низ суптилна уметност… Разголена секако! До душа, сега за потребите на една од новите фотосесии на брендовите на модната куќа чије заштитно лице е самата, ама сепак…
Викторија Јаначковиќ покажа дека е многу попривлечно и поскокотливо кога ѕирка и се наѕира, отколку кога апла се гледа.
Како што се нејзините набрекнати брадавици на голите гради кои се проѕираат низ мрежестата провидна блуза на сексапилната топлес забарка…
…Или дискретниот шарм на меѓуножјето и гаќичките кои љубопитно ѕиркаат низ расцепот на црвениот фустан на кралицата на суптилната еротика.
Како и да е, едно е сигурно: Се’ на неа е… природно! Или што би рекле: Викторија по цело тело е пририодна… Затоа е и толку згодна!