Убавата турска актерка Елчин Сангу откако го снимаше филмот „Време за среќа“ со својот колега Бариш Ардуч, сега повторно снима нов филмски проект. Овој пат истиот е далеку поразличен од оние што ги снимаше досега, а во нејзината нова улога таа е вампирка.
-Ја чекав можноста за да направам нешто што комплетно се разликува од тоа претходно. Цел живот гледам научна фантастика. На крај мора да уживате во тоа што го работите. Може се да се случи, и да не успее тој проект, но јас го избрав затоа што ме прави среќна.
Турските медиуми ја прашаа и за приватноста, а не заобиколија и да и го постават прашањето дали размислува за мајчинството и кога планира да стане мајка.
-Се уште не размислувам. Барем не сега. Моментално сум задоволна со животот. Но некој убав ден во иднина, зошто да не, вели Елчин.