И годинава по десетти пат, сексуалните работнички за своите права ќе се борат под мотото „Стоп на насилството врз сексуалните работници!“.
„Сексуалните работнички го креваат гласот против насилството. По десет години има силна заедница и поддржувачи, и горди сме за тоа. Но нема слух од институциите, од професионалните социјални служби и полицијата. Ве молиме да ги тргнете настрана предрасудите и осудите“, порачаа сексуалните работнички од маршот кој се одржува по десетти пат во Скопје.
Вчера попладне сексуалните работнички преку перформанс на излози на скопскиот булевар „Св. Климент Охридски“ нудеа услуги за да го свртат вниманието кон проблемите за кои се залагаат.
Организаторите на настанот посочија дека бројката од 3.000 до 5.000 сексуални работници во Македонија што кружи во медиумите не е точна и тврдат дека е многу поголема.