Радио Милева Уживањето на максимум

Црнокрак традиционално во зимска авантура: Светлана е снежна убавица на планинската белина (фото)

Црнокрак традиционално во зимска авантура: Светлана е снежна убавица на планинската белина (фото)

Секој има своја пасија кога е во прашање спортувањето и рекреацијата, а кога тоа го прават заедно сите членови на семејството, тогаш задоволството е уште поголемо.

Семејството Црнокрак традиционално секоја зима заедно ја негува оваа љубов, а освен што Мики и Светле секоја сезона се редовни скијачи, тоа го прават и нивните две ќерки, Моника и малата Нина која допрва има да учи за скијањето од тато, мама и дада.

Календарски се уште е зима и надвор еден ден владеат зимски температури, а еден ден наликува на пролет.

Меѓутоа, сезоната за скијање веќе одамна е отворена, па многу од јавните личности ги подготвија скиите и сноубордите и заминаа во некој ски центар за да уживаат на снегот, Годинава поради пандемијата, децтинациите најчесто се Попова Шапка или Маврово.

фото:фејсбук/мики црнокрак

Некои го направија тоа веднаш по новогодишните празници, а некои сега се одлучија да заминат на зимско уживање.

Црнокрак повторно заедно се качија на скии, овој пат на Попова Шапка, а оввие среќни семејни моменти ги објавија на Фејсбук.

фото:фејсбук/светланацрнокрак

Мама Светле,некогашната манекенка и сегашна сопственичка на модното студио „Црнокрак“ и ТВ презентерка, мајката природа ја дарила да има се што може да посака една жена, а таа самоуверено и гордо да се носи со сите епитети. Фит, спортски активна и вешта на скии, Светле изгледа фантастично, а тоа го потврдија и нејзините следбеници.

фото:фејсбук/мики црнокрак

На планините има доволно снег да уживате во зимата, па не мора ни да скијате или бордате, едноставно препуштете се на планинската убавина во зима.

To top