Танчарка, фото модел, менаџер за продажба во најпознатиот македонски секс шоп… сепак Ани Георгиева е најпозната како стриптизета која настапува под уметничкото име Црна Мачка… Една од ретките Македонки која јавно, со име и презиме ја прифати „скокотливата“ професија, од која многу други јавно бегаат, а кришум би сакале во истата да уживаат.
Но Ани како и секој(а) од нас е сосема обичен човек, обична дама која има секојдневни обврски. Токму заради оние – работните, таа мора да внимава на својот изглед и линија, на фигурата на телото зашто такава и е работата и истата тоа го бара од неа. Особено онаа, во која телесните квалитети уште треба да се зачинети со еротски компоненти.
Затоа Ани внимава на себе, особено во делот на исхраната што јаде, што пие, и што купува да конзумира…
Така, деновиве „Црна мачка“ тргна да пазари во еден голем скопски супермаркет, па застани до одделот со специјални намирници. Оние кои спаѓаат во доменот на нутриционизмот и таканаречената „здрава храна“.
Бараше тркалца од ориз, кои обично се јадат како замена за леб. И најде… и тоа со различни вкусови.
Па стриптизетата таман се фати од поблизу да ја прочита цената на таканаречените „Rice snacks“, налета и на содржината… Или поточно на вкусот! Е сега, дали и го погодија или не… само Ани знае!? Ама штом реши да го постира по социјалните мрежи… ќе да и е погоден!
Само да нема недоразбирање… Ани бараше оризови тркалца со вкус на КУРкума!
А тоа што овие од маркетот штедат на хартија, па не им го особира полниот назив на производот… е друга работа!
Ги напишале само на првите три букви… Никаде им го нема она – КУМА, а Ани такви има полна полица… од силикон и гума!