Во еден познат хотел во Белград, се одржа „Саемот на свадби и венчавки 2018“. На овој настан се појавија многу познати дами, кои блеснаа во своите венчаници. Особен печат остави пејачката Катарина Остојиќ Каја.

Таа објави на Инстаграм фотографија каде што е во венчаница, а многумина што ја следат на социјалните мрежи останаа без текст.
Каја изгледаше како принцеза, и да не е веќе мажена, веруваме дека многумина од нив веднаш би ја ожениле. Сепак таа колку и да сакаше да ја покаже венчаницата што ја носеше, сите зјапаа во еден друг детал: огромните истурени гради на пејачката што „кипеа“ од деколтето на венчаницата!

Затоа некои и се пошегуваа нарекувајќи ја „цицлестата принцеза“!