Една од најпознатите бугарски старлети, цицлестата Моника Валериева не е загрижена за гласините дека сонцето стана многу силно во последните години и повеќечасовното сончање и штети на кожата.
Скандалозната топ моделка покажа дека за на море и базенот со солена морска вода и требаат само гаќички, зашто градникот не е во мода.
Топлес „распиштолена“, цицлестата старлета ги распосла своите облини на Санторини. Нејзините огромни голи гради испакнати и цврсто подигнати, ги собираа сончевите зраци правејќи им сенка на другите делови од телото.
За на крајот од одморот Моника да не биде исончана црно-бело, како дирки на хармоника, реши да соблече се’ од себе, па својата „пиштол гола“ интима ја прилагоди на жешката островска клима, покривајќи ја само со огромна, портокалова, сламена шапка.
Своите обожаватели и следбеници Моника исто така ги возбуди и со силиконски импланти вметнати во нејзината задница, која ладејќи ја во базенската вода ја намести во жешка поза.
Старлетата, како и голем дел од бугарските естрадни ѕвезди, годинава ја избра Грција за своја летна дестинација и замина на одмор и релаксација на островот Санторини, од каде буквално ја поплави мрежата со секси фотографии на Инстаграм.