Човекот кој пукаше во шетачот на кучињата на Лејди Гага и ги киднапираше двете миленици на пејачката во февруари 2021 година, е осуден на 21 година затвор за „ладнокрвен и насилен напад“.
Џејмс Хауард Џексон е еден од тројцата мажи вклучени во нападот во февруари 2021 година.
За време на инцидентот тој го застрелал Рајан Фишер со пиштол калибар 40 додека се шетал по француските булдози на поп-ѕвездата во Лос Анџелес. Фишер е тешко ранет во градите, а по пукањето напаѓачите и ги киднапирале двете миленици на Гага.
Џексон пред судот рече дека не оспорил ниту една точка од обвинението за обид за убиство, објави во понеделникот Окружното обвинителство на Лос Анџелес. „Денеска беше постигната спогодба во случајот против Џејмс Хауард Џексон“, изјави портпаролот на обвинителството.
„Г-дин Џексон рече дека не оспорува ниту една од обвиненијата за обид за убиство и го призна обвинението за нанесување тешка телесна повреда. Осуден е на 21 година затвор“, рече тој. „Џексон одговара за извршување на ладнокрвен чин на насилство, што значи правда за нашата жртва. Окружното правобранителство се стреми да ги повика на одговорност секој што ќе изврши насилни дејствија во нашата заедница“.
Џексон беше ослободен од притвор на 6 април 2022 година, по административна грешка, но повторно беше уапсен во август.
Обвинителството соопшти дека соучесникот во инцидентот, Харолд Вајт, во понеделникот изјавил дека не го оспорува обвинението што го товари за поседување оружје, поради што следната година ќе биде осуден.
Полицијата претходно соопшти дека врската со Лејди Гага била случајна, а мотивот за грабежот била вредноста на француските булдози, раса вредна неколку илјади долари.
Гага понудила награда во износ од 500.000 долари на тој што ќе и ги врати милениците. Неповредените киднапирани булдози беа предадени на полициската станица во Лос Анџелес неколку дена по инцидентот од Џенифер Мекбриџ, која исто така е обвинета за учество во злосторството.
Фото:Пинтскрин/Профимедиа