Радио Милева Оди(сеа) па поверувај дека не е намерно...

Чија биографија раскажал Слаткар: „У твоето стори глеам и кажи како да ти верувам кога г*от ти е толку шеруван?“ (ВИДЕО)

Чија биографија раскажал Слаткар: „У твоето стори глеам и кажи како да ти верувам кога г*от ти е толку шеруван?“ (ВИДЕО)

Толку очекуваната и озборуваната песна или поточно видеото за не насловено  „Одисеа“ на Марко Маринковиќ  попознат како Слаткаристика, во кое главен лик е македонската старлета Драгана Спасовска конечно се појави.  Прво што паѓа в очи или в уши ако само ја слушатате песната без да го прегледате лирик видеото,  се стиховите. Ништо епохално, ќе рече некој, типични и карактеристични за „Слаткарот“.

Арно ама, ако ја знаете целата приказна и прашината што се крена претходно околу главната протагонистка во видеото, зашто: …„Не беше Драгана родена да им сецка салати и точи ракија на тие пусти мажи македонски, нели“?

Ама затоа е родена да пие скапо шампањско и да се забавува со богатите Арапи и останатите милијардери по Емиратите и да ужива во животот, онака како што таа замислува, може, умее и знае!

Како и да е, секој има право на свој живот, како што другите имаат право да коментираат и мислат што сакаат, па и Слаткаристика…? Само прашање е дали случајно или намерно ја викна македонската старлета на привремен престој во Дубаи да му гостува во видеоспотот, па ја раскажа приказната, во која многумина препознаа некого?

Чија тоа биографија Слаткарот сликовито сакаше да ни ја прикаже низ кадрите на новото видео со Драгана Спасовска во него и кадрите земени од фотографиите со сегменти од нејзиниот живот, на кои се налепени стиховите од типот: „Кажи како да ти верувам, кога г*от ти е толку шеруван?“ Или: „Иди со некој друг и биди кварна“?!

И колку и да сака некој да се правда дека сето тоа е само „уметност“, „субкултурна поезија“ или универзална приказна за илјадници такви девојки… Работите некако премногу се поклопуваат, што е многу симптоматично…

„Оди(сеа)“, па поверувај дека ништо не е намерно…!!? Впрочем погледнете го видеото, па просудите самите, чија тоа биографија „Слаткар“ раскажал?!

 

To top