Мегафон филмски фестивал

Четири филма на зимското издание на „Скопје синема сити“

Четири филма на зимското издание на „Скопје синема сити“

На 5 и 6 февруари со почеток од 7 часот во киното на Кинотека на Македонија ќе се организира зимското издание на фестивалот Скопје Синема Сити односно „Загревање“. За време на овој дводневен филмски настан ќе бидат прикажани четири филма почнувајќи со филмот за реномираниот филмски композитор Филип Глас, „Гледајќи го Глас“.

Во декември 2019 година фестивалот му ја врачи наградата за животно дело на Глас за достигнувања во музиката и филмот и по тој повод настанот ќе го прикаже овој филм за Глас во режија на Ерик Дармон. На 31 јануари 2020 тој ќе наполни 83 години и е се уште активен и како композитор и како изведувач. Тој е еден од четирите основоположници на „минимализмот“ правец во класичната музика кој во ‘60-те и ‘70-те направил револуција во класичната музика. Зад него е огромен опус кој се состои од голем број симфониски дела, филмска музика, опери, музика за театар, дела за соло инструменти, хорска музика, итн. Истата вечер ќе биде прикажан филмот на Фолкер Шанер за даб реге легендата Ли Скреч Пери: „Визијата за рајот на Ли Скреч Пери.“

На 6 февруари ќе бидат прикажани филмовите „Queen: Приказната зад Боемската рапсодија“ и „Постигни или умри: Приказната за пијанистот Ланг Ланг“.

To top