Во последно време, Цеца може да ја видиме во друштво на нејзините деца. Во медиумите, често зборува за нив истакнувајќи дека не зборува во нивно име, туку зборува во име на една мајка.
Таа ги подржува Анастасија и Вељко во нивните одлуки, а најмногу во одбирот на партнерите.
„Не се мешам, како што моите родители не се мешаа во моите избори. Можеби сакаа да се мешат, но никогаш не покажаа,туку ги почитуваа моите желби. И јас се поставив на ист начин, изјави Цеца.
Цеца прозбори за девојката на Вељко, Богдана која истакна дека е атрактивна и убава девојка.
Таа често се слуша со Богдана, а најчесто разговараат за борбите на Вељко.
фото: Дамир Дервишагиќ
„Тоа е голем стрес за мене. Не можам да замислам да седам и да го гледам. Кога ќе заврши се, Богдана или кој и да го следи, ми праќа снимка, изјави Цеца.
Пејачката истакна дека Вељко е добар син, брат, внук и дека е горда не него.