Радио Милева

„Чекам резултати“: Членот од „Ѕвездите на Гранд“ се соменава дека е заразен од корона

„Чекам резултати“: Членот од „Ѕвездите на Гранд“ се соменава дека е заразен од корона

Ѓорѓе Давид на својот „Инстаграм“ објави дека се наоѓа во болница и дека ги чека резулататите од коронавирусот.

„Бев на сите прегледи и чекам да ми јават дали е корона или не. Океј се чувствувам. Не знам што да кажам. Останатите околу мене во собите многу серизоно кашлаат, се тресаат ѕидовите од кашлање. Откриено ми е дека имам воспаление на белите дробови, па ги чекам резултатите од тестот“ вели Ѓорѓе Давид и додава дека се плаши поради моменталната состојба.

фото: Инстаграм

„Се плашам од секој вирус бидејќи мојата работа е поврзана со системот за дишење. Дури и кога кивам не ми е пријатно, а уште повеќе нема да ми биде пријатно ако имам корона. Јас се надевам дека немам. Шансите се 50/50“ додава пејачот.

Toj истакна дека ја има поддршката од своите колеги.

„Сите ми се јавија, ме поддржаа, колегите од бендот, имаме групи на кои се следиме, тука е Ивана Петерс, Марија, Снежена, Вики, Босанац. Секако  дека ќе објавам на социјалните мрежи бидејќи сметам дека како јавна личност имам голема одговорност“ вели пејачот.

фото: Б. Зајиќ/ало

Пред да се прогласи вонредна состојба и короната да зафати голем замав, Ѓорѓе беше во Македонија.

To top