Пред неколку дена излегоа информации дека старлетата Сораја Вучелиќ тајно се омажила за холандски милионер.
Сораја беше уапсена минатиот викенд во Црна Гора за кршење на полицискиот час, а тогаш се откри дека на своето го додала презимето Масони.
Тогаш беше објавено дека наводно тајно се омажила со милионер од Холандија, и дека сега го носи и неговото презиме.
Старлетата сега се огласи за првпат по овие пишувања во српските медиуми.
– Искрено, не сакам да зборувам за приватниот живот, тоа е сепак моја работа и не сакам да откривам јавно. Не можам да дочекам да се отворат границите и да одам таму каде што припаѓам – изјави Сораја за „Телеграф JETSET“.