Мегафон свечено крунисување

Чарлс стана крал, а Камила кралица на церемонија водена по традиција стара со векови (видео)

Чарлс стана крал, а Камила кралица на церемонија водена по традиција стара со векови (видео)

Британскиот крал Чарлс Tрети беше крунисан на церемонија во Вестминстерската опатија со круната на Свети Едвард ставена на главата, моментот обележан со плотуни низ Обединетото Кралство.

Чинот на крунисувањето се одржа на половина од двочасовната церемонија предводена од надбискупот од Кентербери, Џастин Велби.

Пред тоа, Чарлс Трети положи заклетва за крунисување потврдувајќи дека ќе ги почитува законите и Англиската црква за време на неговото владеење и дека е „верен протестант“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

По седнувањето на историскиот крунисувачки престол, на кралот му бил врачен кралскиот меч за да ги заштити правдата, Црквата и народот, а доби и други кралски обележја, како што се жезло, палка, златно јаболко, ракавици и прстен.

Плотуни беа испукани во моментот на крунисувањето на 11 локации низ Обединетото Кралство, вклучувајќи ги Единбург, Кардиф и Белфаст, како и од бродови на британската кралска морнарица.

Традиционално, членовите на благородништвото и кралското семејство треба да клечат пред кралот, да му оддадат почит и да му ја бакнуваат десната рака. Но, за Чарлс Трети тоа ќе го направи само неговиот син, принцот Вилијам.

По Чарлс ќе биде крунисана и неговата сопруга Камила, иако нема да мора да положи заклетва.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Во последниот дел од церемонијата, кралот и кралицата ќе се причестат, што е главниот дел од христијанската црковна служба.

Тие ќе се симнат од своите престоли и ќе влезат во капелата на Свети Едвард, која се наоѓа зад главниот олтар. Таму, Чарлс ќе ја соблече Едвард и ќе ја стави царската државна круна, која, на пример, се носи на отворањето на годишната седница на Парламентот.

Потоа ќе се приклучат на поворката што ја напушта опатија, придружена со националната химна. Крунисаната двојка потоа ќе се врати во Бакингемската палата по истиот пат.

По крунисувањето, низ улиците на главниот град започнува парада на илјадници војници и коњаници.

фото/видео: Инстаграм/theroyalfamily

To top