Актерката Луси Лу (50) ја доби својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, а заедно со неа на нејзиниот голем ден славеа и Дру Баримор (44), Камерон Дијаз (46) и Деми Мур (56).
Она што ги воодушеви фановите е тоа што трите убавици: Луси, Камерон и Дру, повторно се најдоа заедно по 16 години, колку што поминаа од вториот дел на заедничкиот филм „Чарлиевите ангели“, 2000 и 2003 година.
Деми Мур се најде таму како поддршка, а фотографијата предизвика воодушевување кај фановите ширум светот.
Особено тоа што Камерон во последно време многу слабо се појавува на јавни случувања.