Радио Милева

Чарли Шин повторно обвинет за силување на тинејџер

Чарли Шин повторно обвинет за силување на тинејџер
фото: принтскрин

Актерот Кори Фелдман, со години наназад ги изнесува своите тврдења дека Холивуд е преполн со педофили.

Никогаш тие свои тврдења не ги поткрепил со докази ниту пак открил за кои луѓе станува збор затоа што “се плашел од одмазда“.

Тој за овие информации барал надомест од милион долари за да има пари за обезбедување и адвокати “кога ќе започне холивудската хајка против него“, но никогаш никој не му ги дал тие пари.

Фелдман во својот нов документарец изнел шокантни тврдења дека детската ѕвезда која што починала на 29 години од воспаление на белите дробови, ја силувал Чарли Шин.

фото: Принтскрин

Фелдман во документарецот „Моја вистина: Силување на двајца Кори“, кој што бил емитуван на фестивалот во Лос Анџелес, открил имиња на луѓе кои што го злоставувале и него и неговиот пријател кога биле деца и раскажал дека Кори Хејм до детаљ опишал како Шин, како 13-годишник го силувал.

„Ми кажа дека го силувал сред бел ден. Ми кажа дека го турнал помеѓу две приколки и го нападнал“ – раскажал Фелдман во документарецот, изнесувајќи ги и деталните описи за тоа што му направил.

Во овој документарен филм уште неколку луѓе потвдија дека починатиот Кори Хајм им признал, а веднаш се огласија и адвокатите на Чарли.

„Овие болесни тврдења се лага…Точка“ изјави.

 

Останати вести од Радио Милева