Кога актерите прават некоја трансформација на себе, причината за тоа најчесто е нова улога во некое филмско остварување.
Па така, овој пат тоа беше случајот и со актерката Анџелина Џоли која моментално работи на снимањето на новиот филм насловен „Come Away“ во Лос Анџелес.
За потребите на филмот таа е во русокоса варијанта, долго здолниште и бела кошула, односно во целосен ретро изглед .
Во филмот таа игра улога на сопруга и мајка, а се работи за филм претходник на „Петар Пан“ и „Алиса во земјата на чудата“.