Пред две години, Тамара Тодевска на свет ја донесе преслатка Хана, а пејачката денес ужива во мајчинстовото и во нејзините “лудории“.
Пејчката е активна на социјалните мрежи и најчесто споделува фотогрфии од активносите на нејзиното мало девојче како шетаат во парк, како се игра по дома, како го рани зајакот и слично.
Меѓутоа, тие неодамнаа присуствуваа на промоцијата на ДНК, а присутна беше Тодевска заедно со Хана. Во една прилика ќерката на пејачката се фати за микрофонот и позираше како малечка ѕвезда.
Во фустанче и црвени сандали, Хана изгледаше преслатко, а ако судиме по досегашните објави на Тамара, големи се веројатностите Хана да тргне по стапките на мајка си.
Во една емисија, Тодевска истакна дека Хана е “немирно“ дете, дека по дома игра, пее и се забавува, .
Инаку, пред неколку дена Тамара откри дека е бремена со своето второ дете, па Хана ќе добие братче или сестричка.