Цеца Ражнатовиќ е пресреќна што стана баба на малиот Жељко, а дел од атмосферата покажа од прославата во нејзиниот дом во Дедиње на Инстаграм.
Цеца ја подготви вилата така што сè ќе биде беспрекорно, а деталите може да се видат во видеото што таа го објави на социјалните мрежи.
Pogledajte kako je dekorisan prostor u kojem Ceca večeras slavi rođenje unuka! pic.twitter.com/fzJl9uHjDg
— glziv (@glupostziva) June 3, 2020
Цеца Ражнатовиќ целиот ден го помина во куќата славејќи, за наследникот на нејзиниот син Вељко и снаата Богдана, кого го крстија по покојниот сопруг на пејачката.
Додека семејството и најблиските пријатели славеа во текот на денот, вистинската радост се случи во вечерните часови, кога многу пријатели, роднини и колеги пристигнаа во вилата на Цеца.
I Ceca zapevala na slavlju 2… pic.twitter.com/Q5Kjc5N9hi
— glziv (@glupostziva) June 3, 2020
Иако пејачите цела вечер беа пред микрофонот, сите чекаа за моментот кога ќе запее Цеца, па имаше вистинска пауза кога новата баба ја испеа песната „Наговори“, што беше желба на Вељко.
I Ceca zapevala na slavlju 1… pic.twitter.com/jZJMsZh6zj
— glziv (@glupostziva) June 3, 2020
Анастасија го сними овој момент и го објави на својот Инстаграм профил, со интересен коментар:
– Баба, и таа изгледа како сестра – напишала Анастасија.