„Рекет аферата“ не престанува да ја бранува јавноста, но и социјалните мрежи. Вистинско „цунами“ од твитови, постови, коментари, монтажи, фотографии… се случува Фејсбук, Твитер и Инстаграм… Тие и понатаму се преплавени со актерите во ферата, оние што се знааат, само насетуваат или се претпоставува и шпекулира дека допрва ќе бидат откриени! Сериозни мислења и коментари, но и шеговити фотографии, видеа, монтажи, спинови… мајтап и мајтапџии, колку сакаш! А што друго му остана на народот, кога речиси се’ друго му земаа!
Најисмејувани, разбирливо најсомнителните…
Но, не останаа покуси и шегите и мајтапот и за најблиските „другарчиња“ на Боки 13. Лила Филиповска, за која како што се тврди, била со инкриминираното „сомнително лице“ во џипот при неговото апсење на граница, заедно со уште една друга ТВ водителка од неговата телевизија, исто така се најде на удар на „интернет мајтапџиите“.
А, не изостанаа ниту шегите на сметка на „блиската дружба“ на „модниот гуру“ со „газдата“ на телевизијата. За да „не му пукне душата“, Сергеј доби молба да го прокоментира новиот „монтиран зебра стајлинг“ на „другарчето“!