Крилниот играч на фудбалскиот клуб „Јувентус“, Даглас Коста го навлече гневот на управата и италијанските медиуми, навивачите како и на тамошната јавност, поради фактот што го напуштил карантинот, што требаше да трае 14 дена.
Бразилецот отпатувал во својата земја пред неколку дена, наводно за да биде со семејството, но тој лудо се забавува, додека другите играчи се ставени во карантин.
Така, угледниот спортски весник „Кориере Дела Спорт“ остро го нападна Коста дека го напуштил карантинот во Торино само за да биде со цицлестата убавица.
Бразилецот, повеќе е од јасно дека ужива во „изолацијата“ со Наталија Феликс, која редовно ги чести своите фанови со провокативни, разголени фотографии.
Дали присуството во нејзините прегратки, кога цела Италија е на колена заради пандемијата, му ја потпиша исписницата од клубот на бразилскиот фудбалер, ќе дознаеме наскоро?!