Радио Милева национална класа...

Ако може Рашковски, може и тој: Цела естрада се жали, „кука и плаче“, само младиот фолкер Спасен Сиљаноски среде криза се „поднови“… со автомобил! (ВИДЕО)

Ако може Рашковски, може и тој: Цела естрада се жали, „кука и плаче“, само младиот фолкер Спасен Сиљаноски среде криза се „поднови“… со автомобил! (ВИДЕО)

Младиот македонски фолк пејач Спасен Сиљаноски беше прв од групата на оние естрадни уметници кои сметаат дека без оглед колкав е износот, парите од владината поддршка треба да се земат и искористат. Но, не заради тоа што кој знае колку ќе ии помогнат или наполнат буџетот на естрадните уметници, туку заради нешто сосема друго.

„Јас ќе ги земам тие 14.500 денари и не е важно каде ќе потрошам. Можеби ќе дадам на двете деца и сопругата. Односно дали ќе ги потрошам на семејство за леб и млеко или ќе ги испијам во кафеана или ќе ги донирам на некој што воопшто нема, тоа веќе е моја работа. Но, јас ќе ги земам зашто во минатото некои милионери и функционери, како што се Мира – Дизел, Силвана Бонева и ред други, земаа стотина илјади евра за патни трошоци, односно земаа околу 150.000, а сите знаеме дека нивните примања се огромни. Како што се огромни и нивните бенефиции, кои ги имаат благодарение на функцијата. Епа ако можат Мира -Дизел и Бонева, можам и јас“ – изјави своевремено младиот пејач во времето кога се делеа првите државни пари како помош за естрадата тешко погодена од коронапандемијата.

Тогаш Сиљаноски „крена прашина“ со својата изјава, а сега младиот македонски фолкер одново ја заинтригира јавноста, откако во шпицот на коронапандемијата и економската криза предизвикана од неа Спасен купи кола.

 

Чекаќи зелено светло за настапи, пејачот си најде занимација, па деновиве  на  својот Фејсбук профил се пофали дека купил автомобил. До душа „застава 750“ од Бог знае од која година производство, ама сепак…  Фичо си Фичо, па макар и на старо! Навидум колата изгледа „џам“, стокмена тип-топ, а како стои со моторот… е друга работа?!

Е сега останаа две дилеми, недоречени, две прашања на кои чекаме Спасен да одговори?

Дали „фичото“ го купил со парите од помошта од владата или што би рекле, 2бакшипш му е од Заев“ и дали воопшто автомобилот е негов и навистина ќе се вози во него или е некоја негова шега?

Впрочем како велеше Спасен во изјавите пред да ги добие парите, оние 14.500 денари од владината поддршка: „Епа ако можат Мира -Дизел и Бонева, можам и јас“!

Така и сега со автомобилот: „Ако може Драги Рашковски, може и Спасен“… До душа, владиниов екс-секретар во оставка џип „Волво“ од 70-80.000 евра од салон, а македонскиов фолкер едвај „Фичо“ на старо, ама тоа ти е… Не е секој „кримина…“, пардон – „генијалец“!

To top